Насловна / Вести / Витамин кој може да ги ублажи штетните дејства од загадувањето

Витамин кој може да ги ублажи штетните дејства од загадувањето

Жителите на сите градови на Западен Балкан се соочуваат со алармантно загаден воздух, но тие не се осамени кога станува збор за загадувањето.

Според податоците од Светската здравствена организација, повеќе од 90 отсто од популацијата живее во делови каде загадувањето на воздухот ги надминува дозволените граници. Научниците долго се сомневаат дека ПМ2,5 ситните честички во воздухот предизвикуваат епигенетски промени во нашите ќелии кои можат да го загрозат нашето здравје.

vitamin

Концентрацијата на штетни материи во воздухот, особено на ПМ честичките, во градовите редовно ги надминува безбедните граници за квалитет на воздух. Од тие причини, меѓународен тим од научници во 2017 година направиле клиничко испитување со желба да дознаат како ефектите од изложување на загаден воздух од ПМ2,5 може да бидат ублажени со внесување на дневни суплементи со витамин Б кои содржат 2,5 милиграми фолна киселина, 50 милиграми витамин Б6 и еден милиграм витамин Б12.

vitamin1

Во истражувањето учествувале десет волонтери кои прво биле изложени на чист воздух, а потоа се мереле нивните основни реакции. Покасно истите испитаници биле тестирани со голема доза на витамин Б и биле изложени на многу загаден воздух кој содржел високо ниво на ПМ2,5.

Резултатите од истражувањето откриле дека четиринеделното изложување на суплементи од витамин Б го ограничува ефектот на ПМ2,5 меѓу 28 и 78 отсто на десет генски локации. Истражувачите пронашле дека слична редукција се огледува и во митохондриската ДНК, односно делови од ќелии кои генерираат енергија.

Научниците сепак велат дека оваа студија има многу ограничувања, како малиот број испитаници, а и малку информации за големината на витаминот Б која ја предизвикува реакцијата, како и дека се потребни подлабоки истражувања и испитувања. Резултатите од ова истражување се охрабрувачки и можеби го содржат клучот за намалување на штетноста од загаден воздух.

Испрати коментар

Scroll To Top