Насловна / Вести / Како да се преживее напливот на туристи

Како да се преживее напливот на туристи

Покрај некои големи држави и градови и малите почнаа да го дигаат гласот против туризмот. Еден од најекстремните примери на пропаѓање на историскиот центар на градот е италијанското градче Сан Џимињано со 7.000 жители, кое е посетено од три ипол милиони туристи годишно.

Наместо да размислуваат за тоа како од напливот на туристи да живеат подобро, многу градови се прашуваат како тој наплив да го преживеат.

Венеција наплаќа влез во градскиот центар, Барселона и Дубровник го ограничуваат бројот на крузери, Амстердам претсана да се рекламира.

Houses in Amsterdam

Амстердам

Следејќи го примерот на голем број европски и светски туристички дестинации, Фарските острови одлучија да застанат на патот на масовниот туризам. Оваа данска автономна покраина со 13.000 жители одлучи, за почеток, да го затвори островот за туристи на еден викенд.

Оваа година тоа ќе се случи на 16. и 17 април. Оние кои ќе посакаат да ги посетат Фарските острови токму тој викенд ќе можат да го сторат тоа, но ќе се бара да учествуваат во акцијата „Туристички волонтерски викенд“.Тоа значи дека ќе мора да прифата работа која ќе им се додели, а тоа ќе биде чистење на околината и зелените површини.

far_resize

Фарски острови

Директорот на Туристичката организација на Фарските острови, Гудруд Хојгард истакнал дека секој гостин е добредојден, но мора да биде свесен дека тие водат сметка за својата земја и не сакаат да рушат рекорди по бројот на туристи.

Експертите тврдат дека особено се загрозени градовите кои се на списокот на светското наследство на УНЕСКО. Тврдат дека честа и привилегијата брзо се претвораат во агонија.

Најдобар пример е италијанското  градче Сан Џимињано, каде од центарот се иселиле сите жители. Во рамките на неговите ѕидини, нема ниту една продавница за храна, месари, пекари, занаетчиски продавници, туку има само барови, ресторани, казина. Колку е помал градот, толку е побрзо неговото пропаѓање, истакнува познатиот италијански публицист Марко д Ерамо.

san_resize

Сан Џимињано

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top