Насловна / Вести / Постхумна изложба на Илија Кавкалески во Прилеп

Постхумна изложба на Илија Кавкалески во Прилеп

kavkalevski crop

Вечер во галеријата на Домот на културата „Марко Цепенков“ во Прилеп, постхумно ќе биде поставена ретроспективна изложба на акварели на уметникот Илија Кавкалески.

Според директорот на Центарот за култура „Марко Цепенков, Тони Чатлески, на овој начин Прилеп сака да му се оддолжи на големиот уметник, роден прилепчанец.

– Илија Кавкалески кој почина годинава, беше мајстор на акварелот. Уметник кој зад себе остави многу и како творец, но и како конзерватор на фрески и икони бидејќи долги години работеше во Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата, рече Чатлески.kavkalevski crop1

Според портпаролот на Центарот Каролина Мицеска, уметникот Кавкалески во своите дела никогаш не го заборавил родниот град.

– Илија Кавкалески беше сликар кој неуморно твореше. Често знаеше да рече дека акварелите се убавина и оти никогаш не го заборавил родниот град, кој постојано го слика. Во неговите дела доминираше прилепскиот пејзаж оти Прилеп за него зрачеше, имаше магична дарба, но и топлина што постојано го предизвикуваше да твори, потенцира Мицевска.

Кавкалески своето образование го стекнал на Академијата за применети уметности во Белград, оддел сликарство во 1957 година. Најпрво работел во прилепскиот Завод и музеј, за потоа кариерата да ја продолжи во Скопје, во Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата. Неколку години бил доцент на ФЛУ по насоките конзервација и реставрација.kavkalevski

Пред две години, градот Прилеп на уметникот Илија Кавкалески му додели плакета „Трети Ноември“ за заслуги и за особен придонес во ликовната култура.

Испрати коментар

Scroll To Top