Посмртните останки на американската пејачка и танчерка Џозефина Бејкер , ќе бидат пренесени во Пантеон во Париз, со што ќе стане првата црна жена на која ќе и биде укажана таа чест. Францускиот претседател Емануел Макрон ќе организира посебна церемонија на 30-ти ноември во Пантеон, вечното почивалиште на најначајните личности за Франција, како што се: Марија Кири (првата жена погребана во Пантеон по сопствени заслуги), Волтер, Виктор Иго и други. Бејкер била погребана во Монако во 1975 годиа, облечена во француска воена униформа со одлкувањата кои ги добила за нејзиниот придонес во Движењето на отпорот во текот на Втората светска војна. Таа ќе биде петта жена и прва жена уметник која ќе биде погребата во Пантеон. Покрај само 5 жени, во овој објект се погребани 72 значајни личности мажи. Бејкер е родена во Сент Луис, Мисури и станала мега ѕвезда во триесетите години на минатиот век, посебно во Франција каде се преселила во 1925 година кога побегнала од расизмот и сегрегацијата во САД. Француско државјанство добила после бракот со француски индустријалец во 1937 година.