Насловна / Арт и дизајн / Портретот на Мао Це Тунг продаден за 12,6 милиони долари

Портретот на Мао Це Тунг продаден за 12,6 милиони долари

Портретот на поранешниот кинески лидер Мао Це Тунг, дело на американскиот уметник Енди Ворхол, е продаден во Хонг Конг за 12,6 милиони долари, објави аукциската куќа „Сотеби“.портрет на мао це тунг

Според организаторите, првично се очекувало сликата да биде продадена за 15 милиони евра. Сликата е продадена на приватен колекционер од Азија.

Ворхол почнал да ги слика портретите на Мао Це Тунг во 1972 година, кога се подобриле односите на Кина и на САД по посетата на тогашниот американски претседател Ричард Никсон на Пекинг.

Испрати коментар

Scroll To Top