Насловна / Вести / Поради горештините на Полска и се заканува енергетски колапс?

Поради горештините на Полска и се заканува енергетски колапс?

Termocentrala Polska elektrownia-opole

Полскиот оператор на електро преносниот систем Polskie Sieci Elektroenergetyczne (PSE) објави дека топлотниот бран кој ја зафати оваа земја предизвикува тешкотии во задоволувањето на побарувачката од енергија во таа земја. Температурите во некои делови на Полска достигнале 38 целзиусови степени. Затоа PSE ги замоли своите клиенти да ја намалат потрошувачката на енергија во текот на денот, со оглед на проблемите кои се појавуваат во производството. Компаниите производители на електрична енергија во Полска, за првпат по крајот на комунистичката ера, би можеле да бидат причина за редукции на електрична енергија. Имено, невообичаено топлото време ја намалува сериозно ефикасноста на системите за водено ладење во електричните централи, поради што се јавува помало производство на електрична енергија. Првите најавени рестрикции ќе се однесуваат на големте фабрики и индустриски постројки, и тоа од 10 наутро до 10 навечер.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top