Насловна / Вести / Поплавите сигнализираат измени во Законот за води?!

Поплавите сигнализираат измени во Законот за води?!

Poplava

Според Европската агенција за животна средина Македонија е во црвената зона на ерозија од вода во Европа. Поплавите треба да се сигнал државата да почне интегрална заштита и измена на Законот за води, велат експертите.Минатогодишните и годинешните поплави во Источна Македонија и Пелагонија и особено, неодамнешните поплави во Тетово и околината кои завршија трагично и со шест жртви, треба да се силна опомена за сите. На Македонија и се случуваат куси, поројни и разорни дождови. За голата и сува земја тоа е големо количество вода, а немањето шума и друга вегетација им остава простор на надојдените води да дивеат и да носат се’ пред себе. Јавноста како и обично бара брзи одговори,а стручните лица сметаат дека зачестените поплави во Македонија не треба да се гледаат само како дел од драстичните климатски промени, туку дека треба да се преземаат соодветни чекори и да се создаваат услови за заштита од идните можни порои, излевања на реките и лизгање на земјиштето.

Poplava1

Проф. д-р Иван Блинков, специјалист за ерозија и порои на Шумарскиот факултет деновиве јавно потенцираше дека треба да се води грижа и за урбанистичкото планирање : „Не смее да се планираат и градат станови каде што има закана од идно лизгање на земјата или поплави. Во тие подрачја треба да се градат улици, паркови, насипи и корита кои ќе се одржуваат.“ Д-р Блинков вели дека секоја општина треба да има детални карти за опасност .

Poplavi VezbiТие сега имаат изработено само процена од природни опасности, но само како евиденција.Третирањето на ерозијата, регулацијата на дотеците, поројните надоаѓања сега се на товар и надлежност на локалната самоуправа, а претходно сите ингеренции беа на државно ниво. Многу општини не се во состојба да ги задоволат ни општите потреби на граѓаните, а не пак да се справат со вакви големи и сериозни зафати. Можеби последниве поплави ќе ги поттикнат Општините да побараат ревизија на законот за води.

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top