Насловна / Вести / Пониски трошоците во градежништвото за изградба на нови објекти за домување

Пониски трошоците во градежништвото за изградба на нови објекти за домување

namaleni trosoci

Државниот завод за статистика соопштува дека во првите три месеци од 2014 година, во споредба со истите месеци минатата година, трошоците во градежништвото за изградба на нови објекти за домување се пониски за 1,6 отсто.
Во првото тримесечје од 2014 година, во споредба со четвртото тримесечје од 2013 година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се пониски за 1,8 отсто, трошоците за материјали се пониски за 1,4 отсто, а трошоците за вработените се пониски за 3,1отсто.
Во првото тримесечје од 2014 година, во споредба со првото тримесечје од 2013 година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се пониски за 1,6 отсто, трошоците за материјали се пониски за 3,1 отсто, а трошоците за вработените се повисоки за 3,2 отсто.

Испрати коментар

Scroll To Top