Насловна / Вести / Полската фирма „Росомак“ донира опрема за справување со поплави

Полската фирма „Росомак“ донира опрема за справување со поплави

Во соработка со Амбасадата на Република Македонија во Варшава – Полска, фирмата „Росомак“ од Полска, која е производител на воена опрема, додели на Република Македонија донација која се состои од опрема за справување со поплави.

Опремата ја сочинуваат пумпи за вода и кал со различен капацитет со вкупен број од околу 280 парчиња, како и соодветни црева и резервни делови за истите, агрегати за електрична енергија со различен капацитет околу 30 парчиња и 51 носило.poplava

Опремата е пристигната во Македонија и е сместена во магацините на Дирекцијата за заштита и спасување. Официјалното примопредавање и потпишување на договор за донација помеѓу „Росомак“ и ДЗС ќе се одвива во среда во просториите на Дирекцијата за заштита и спасување во касарната „Гоце Делчев“ во Скопје.

Испрати коментар

Scroll To Top