Насловна / Вести / Поголемо загадување, дива градба, нарушен сообраќај – сето тоа за интернет купување

Поголемо загадување, дива градба, нарушен сообраќај – сето тоа за интернет купување

Онлајн купувањето е сè попопуларно во светот, но тоа веќе предизвикува комунални проблеми во поголемите градови низ целиот свет. За состојбата во Њујорк образложение дава Градскиот институт за сообраќај и „Њујорк тајмс“.

Повеќе од 90 проценти од њујорчаните купуваат преку Интернет, а секој ден има милион и пол пратки во тој град.

Просечната испорака на домаќинствата во Њујорк се зголеми за трипати во последните петнаесет години.

menheten

Компаниите вклучени во испораката на набавената стока имаат многу проблеми да дојдат до сите четвртини од големиот град.

Анкетата на Градскиот институт за транспорт открила дека онлајн купувањето го нарушило сообраќајот и безбедноста на патиштата, придонело за зголемено загадување на воздухот, па дури и охрабрило диви градби.

За навремена достава на стока, камионите се паркирани во сообраќајните ленти, па дури и на раскрсниците. Како резултат, полицијата минатата година собрала 471.000 казни. Тоа е 34 проценти повеќе од пред пет години.

menheten1

Градските окрузи окупираа магацини за складирање на стоката што треба да се испорача најбрзо, а на периферијата се градат стотици илјади квадрати простор за складирање често пати и без дозвола.

Градските власти работат напорно за да обезбедат магацини во различни делови на градот, како и паркинг со камиони. Исто така, се разгледува можноста за користење на патишта, бидејќи Менхетен е остров среде Њујорк.

Испрати коментар

Scroll To Top