Насловна / Вести / Почист воздух и помалку отпад – приоритети во извештајот за состојбите со животната средина

Почист воздух и помалку отпад – приоритети во извештајот за состојбите со животната средина

Владата ги има прифатено препораките на економската мисијана Обединетите нации (УНЕЦЕ) и веќе интензивно се работи на решавање на проблемите со загадувањето на воздухот и справувањето со отпадот во државата, идентификувани во Третиот преглед на состојбите со животната средина, кој беше презентиран од страна на министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини.

“Интензивно работиме на нашето законодавство и ги ревидираме законите, но би истакнал дека ова не е проблематика на една институција, туку треба да се вклучат и другите министерства, бизнис секторот, медиумите и невладините организации, како и граѓаните за заедно да најдеме решение за моменталните состојби во врска со животната средина“, вели Нуредини.

4 (2)

Според Калинка Габер, државен секретар од Секретаријатот за европски прашања Владата има идентификувано пет приоритети кои се дефинирани во програмата 2018-2020 година, од аспект на земја кандидат за членство во ЕУ, при што РСМ се заложи за усогласување на своето законодавство со политиката за одржлив развој на ЕУ, а тоа бара холистички и интерсекторски пристап, со партнерство на сите засегнати страни.

Програмскиот менаџер на УНЕЦЕ Антони Нунес,  истакна дека со извештајот се оценуваат  целите за одржлив развој, но опфаќа и теми од економијата. И тој потенцираше дека животната средина не е одговорност само на МЖСПП, туку и на другите министерства и дека иако РСМ веќе уима преземено активности за подобрување на состојбата во врска со животната средина, сепак има прашања кои треба да се решаваат во наредните неколку години. Тој, исто така, ја пренесе и подготвеноста на УНЕЦЕ да го олесни процесот преку програмата за градење капацитети на ОН.

6-6

“Треба да се преземат мерки за намалување на загадувањето од транспортот, од производство на електрична и топлинска енергија, а треба и да се измени програмата за намалување на загадувањето на воздухот од 2018 година за да се спроведат мерките од оценувањето за влијанието на подобрувањето на квалитетот на воздухот“, нагласи Нунесе.

Според Росана Дуџак, постојан координатор на Обединетите нации во РСМ, Програмата за изработување на овој извештај е програма која овозможува земјите да добијат објективна, надворешна оцена за успехот во областа животна средина и овозможува преглед на постигнувањата од животната средина за државите и приоретизирање на областите во кои е потребна помош.

“Третиот извештај се фокусира на зелената економија, интегрирањето на аспектите од животната средина во сите политики и соработката со меѓународната заедница во оваа област“, вели Дуџак потенцирајќи дека во извештајот се интегрирани и целите за одржлив развој.

Оваа Програма почна пред 26 години, а денес е веќе во третиот циклус. Република Северна Македонија учествуваше во сите три цикуси со што даде јасен сигнал дека државата ја одржува посветеноста да ја подобри својата животна средина.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top