Насловна / Вести / Подобрување на атмосферската канализациска мрежа на улицата „Павел Шатев“

Подобрување на атмосферската канализациска мрежа на улицата „Павел Шатев“

pavel satev

Започнаа градежните работи за подобрување на атмосферската канализациска мрежа на улицата „Павел Шатев“ од страна на екипите на Градот Скопје и на ЈП „Водовод и канализација”, со поставување решетки од монолитен бетон.

Во правецот од населбата Пржино кон подвозникот, на раскрсницата, на двете коловозни ленти е извршен ископ и е поставена бетонска подлога. Градежните работи продолжуваат со поставување три попречни решетки од монолитен бетон со димензија РД 300 милиметри, во должина од 7,35 метри и еден сливник. Тие ќе бидат приклучени во постојната шахта на постојниот атмосферски колектор Ф 900 милиметри, по што ќе се асфалтира коловозот.

На истиот потег, кај црквата „Света Петка”, ќе се постават две попречни решетки од монолитен бетон на двете коловозни ленти, во двата правца. Решетките се со должина од 3,35 метри. Тие ќе се приклучат во постојната шахта на постојниот атмосферски колектор Ф 600 милиметри, по што коловозот ќе се асфалтира.

Испрати коментар

Scroll To Top