Насловна / Вести / Подготовка на регионални планови за управување со отпад

Подготовка на регионални планови за управување со отпад

recycle1
Претставници од Источниот и Североисточниот регион денеска и утре имаат можност да слушнат предлози за регионални планови за управување со отпад во рамки на проектот „Подготовка на регионални планови за управување со отпад и Стратешка оцена на животната средина за Источниот и Североисточниот регион“, финансиран од ЕУ.

Лидерот на проектот Теофанис Лолос истакна дека ќе бидат дадени предлози, со кои треба материјалите за рециклирање да се намалат на 55 проценти, а биоразградливиот материјал на 75 проценти.

Целта е да се создадат зелени места на кои би се собирале биоразградливи материјали, како и материјали кои ќе се рециклираат. Предлагаме и домашно компостирање за руралните области и зелени места за собирање опасни материјали, посебно собирање на зелениот отпад и производство на компост.

Преку користење на канти за селектирање на отпадот, Лолос додаде дека ќе се собираат материјали за рециклирање од 85 проценти на едно место и мешан отпад што ќе се третира во постројка за механичка биостабилизација, каде ќе се стабилизра целиот биоразградлив отпад и потоа ќе може да се користи како гориво или ќе се фрли на депонија.

Со планот за управуавње со отпад, според градоначалникот на Кратово Мите Андоновски, ќе се понуди решение да се изгради современа регионална депонија, каде по рециклирањето ќе останува мал дел отпад за депонирање, со што ќе се придонесе за заштита на животната средина.

Испрати коментар

Scroll To Top