Насловна / Арт и дизајн / Почнува втората фаза на изградба и внатрешно уредување на Турскиот театар

Почнува втората фаза на изградба и внатрешно уредување на Турскиот театар

turski_teatar

Министерот за култура, Роберт Алаѓозовски, оствари средба со делегација на Генералниот директорат на државните театри на Република Турција, по што заедно со генералниот директор, Мустафа Курт, и министерот без ресор во Владата на Република Македонија, Аднан Ќахил, го посетија објектот на Турскиот театар, којшто влегува во втора фаза на внатрешно уредување и техничко опремување.театар

Како што информираат од владината прес-служба, при посетата на објектот на Турскиот театар, министерот Алаѓозовски ги информирал новинарите за преземените чекори за надминување на застојот во изградбата на објектот.

„Продолжуваме со нашата политика на одглавување на капиталните проекти. Како што ги одглавивме Тетовскиот театар, зградата на Албанскиот театар и Македонската филхармонија, ова е уште еден објект кој треба да го ставиме во функција. Интерес на Министерството за култура е да се работи брзо и во добра динамика за да може Турскиот театар да ги добие своите квалитетни услови за работа, но истовремено сите работи врз објектот да бидат изведени врз база на прецизни договори и квалитетно вградување на сите потребни материјали за што ќе разговараме со нашите пријатели од Турција. Сè уште расплеткуваме неколку ситуации околу плаќањата, дали правилно се исплатени одредени фактури, дали одредени барања дадени на суд се исправни, објективни. Се надеваме дека во многу скоро време и тоа ќе го расчистиме за да можеме за втората фаза да стартуваме со чиста ситуација“, истакна Алаѓозовски._turski_teatar

Министерот задолжен за странски инвестиции во Владата на РМ, Аднан Ќахил, посочи повеќе проблеми кои влијаеле на застојот на изградбата на театарот за време на претходната власт, која, според него, намерно ја оставила турската заедница на маргините на капиталните инвестиции во културата и културниот живот воопшто.

„Тоа можеше и требаше да се направи порано. Во минатата Влада, Турците беа ставени на маргините на настаните. Тие три години т.е. од 2008 година можеа не вакви театри, туку цел град да изградат, но не изградија. Дваесет илјади метри квадратни со една подземна катна гаража кажува дека дилетантски е работено. Секој кој испитувал геолошки знаел дека тука има подземни води“, рече Ќахил и праша зошто баш тука каде има подземни води почнала изградбата.

Тој најави дека со одлука на Владата и разговор со турската страна ќе има соодветна динамика за изградба и соодветна опременост на Турскиот театар. Според него, тоа го заслужува турскиот народ во Македонија, кој е оставен на забот на времето. Инаку, втората фаза на внатрешно уредување и техничко опремување на Турскиот театар ќе се реализира во соработка со Генералниот директорат на државните театри на Република Турција.

Испрати коментар

Scroll To Top