Насловна / Арт и дизајн / Почнува првиот саем за накит во Скопје!

Почнува првиот саем за накит во Скопје!

Во организација на „Јавна соба“ и „KAPKA Jewelry“, од 7 до 9 октомври во просториите на Центарот за дизајн и иновации „Јавна соба“, ќе се одржи првото издание на Саем за накит и модни додатоци, „НАКИТ 2016“.накит 2016 глава

„НАКИТ 2016“ ќе има продажен карактер и е наменет за пошироката публика, за познавачите на добриот накит, за љубителите на модните дадотоци, за конзументите на добрата атмосфера и забава.

Саемот ќе биде збогатен со предавања, работилници, и секако многу дружење и музика.OLYMPUS DIGITAL CAMERA

„НАКИТ 2016“ почнува денес (7 октомври) во 21 часот со диџеј сет на Соња Исмаил.

Истиот ден, пак, од 17 до 20 часот саемот ќе биде отворен за сите оние што сакаат да се освежат со коктел, а ќе имаат привилегија први да ги погледнат колекциите на дизајнерите.OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Во сабота, од 17 часот ќе се одржи матине со диџеј Шурбеира. Во попладневните часови, од 16 до 20 часот, предавања ќе одржат дизајнерките на накит Биби Клекачкоска, Мима Пејоска и Бранка Данчевска, како и Ана Димчевска, конзерватор за метал во Музејот на Македонија. Саемот ќе биде отворен за посетители од 10 до 22 часот во сабота и од 10 до 18 часот во недела.OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Во рамки на саемот предвидени се и две работилници за деца, во сабота од 17 до 19 часот и во недела од 11 до 13 часот со суперкреативната Ина Михајлова.

На саемот, во оваа негова прва година на реализација, настапуваат изработувачи и дизајнери на накит од Србија, Бугарија и Македонија.OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Испрати коментар

Scroll To Top