Насловна / Вести / Почна санацијата на браната „Липа“

Почна санацијата на браната „Липа“

IMG_4672
Почна санацијата на оштетената брана „Липа” кај истоименото село во Неготинско. Според претставници на на Водостопанство „Тиквеш“ од Кавадарци, браната се санира на неколку места.

Со санацијата се зголемува висината на круната на браната за околу 60 сантиметри. Се проширува и преливниот дел. Се санира и оштетувањето на земјениот дел од браната, кое настана како последица на пролетните поројни дождови, како и вентилот.

Нивото на вода е зголемено за околу 40 сантиметри. Земјоделците кои наводнуваа со вода од оваа брана не треба да стравуваат, бидејќи таа повторно ќе се наполни до следната наводнувачка сезона, велат од Водостопанство „Тиквеш“.

Испрати коментар

Scroll To Top