Насловна / Вести / Почна реконструкција на улицата „Народни херои“

Почна реконструкција на улицата „Народни херои“

Денес започна реконструкцијата на коловозот и на тротоарот на улицата „Народни херои“, во Кисела Вода.

Градот Скопје ќе ја изведува реконструкцијата на потегот од крстосницата со улицата „Димо Хаџи Димов“ до крстосницата со улицата „Христо Татарчев“, во должина од 416 метри. Ќе биде опфатена и крстосницата на улицата „Народни херои” со улицата „Христо Татарчев”.
Градоначалникот на Скопје Коце Трајановски го појасни проектот кој треба да заврши за 90 работни дена.IMG_9709
„Ќе се извади целокупниот асфалтен слој, постелката долу ќе се обнови, со оглед на тоа што долниот слој под асфалтот не е стабилен, значи ќе се стабилизира. Значи, ќе мора да се вади целиот асфалт, за разлика од други места каде што само гребевме и стававме нов слој. Овде ќе има малку поголема и подлабока  реконструкција. Исто така, ќе бидат обновени тротоарите од двете страни“, наведе градоначалникот Трајановски.
Градот Скопје во наредниот период планира да обнови уште 400 метри од улицата „Народни херои“, се до вкрстувањето со булеварот „Борис Трајковски“.

Испрати коментар

Scroll To Top