Насловна / Вести / Почна реконструкција на кејот „13 Ноември“

Почна реконструкција на кејот „13 Ноември“

Град Скопје ги почна активностите за партерно уредување и реконструкција на кејот „13 Ноември“, на потегот од градскиот плоштад до улицата Стив Наумов. Со овој проект, партерно ќе се уреди површина од околу 12.500 квадратни метри која концептуално ќе се поврзе со околните објекти. Реконструкцијата е предвидено да трае четири месеци.

Се предвидува целосно ново поплочување, патека за лицата со инвалидитет, високо зеленило – дрворед, поставување клупи, смарт клупи, корпи за џебен отпад, нови жардиниери за дрворедот, канделабри, рефлектори за осветлување. Исто така, ќе се постават и нови бетонски и електрични столбови, а ќе се воведе забрана за паркирање и движење по кејот „13 Ноември“.

Терасите кои ќе ги користат угостителските објекти ќе бидат унифицирани и поставени на начин што ќе овозможи да дојде до израз прекрасниот двоен дрворед од повеќегодишни развиени дрвја. Дотурот на роба ќе се овозможи исклучиво во одредени часови преку ГТЦ, а со велосипеди преку кејот.

kej

Испрати коментар

Scroll To Top