Насловна / Вести / Санација на депонијата Русино од март

Санација на депонијата Русино од март

Од следниот месец ќе почне санацијата на депонијата Русино. Интервентните мерки за контрола на исцедните води од депонијата и организациските подобрувања на приемот и отстранувањето на отпадот ќе се следат од Државниот инспекторат за животна средина. Изведбата на овие мерки и самиот надзор ќе започнат во текот на месец март.

Rusino

Пред да почнат работите, Инспекторатот ќе ја добие на увид проектната документација и динамичкиот план за реализација на активностите, за соодветно да се планираат редовните и вонредните надзори.

Rusino1

Координирана акција на државни и локални инспектори за мапирање на ѓубриштата, по што градоначалниците на општините во Полошкиот регион ќе добијат известување од Инспекторатот за да организираат чистење во согласност со закон.

Rusino2

Државниот инспекторат за животна средина константно ќе има комуникација и со претставници на иницијативата “Стоп Русино“ со цел соработка и размена на информации со граѓаните околу начинот и резултатите од спроведувањето на надзорот.

Rusino3

Активностите се договорени на координативна средба иницирана од Инспекторатот за животна средина со Центарот за развој на Полошкиот плански регион, општината и Јавното комунално претпријатие во Гостивар, како и Регионалното претпријатие за управување со отпад формирано од сите општини во Полошкиот регион.

Rusino4

Rusino5

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top