Насловна / Вести / Почна меѓународната конференција на ОН за климатските промени во Париз

Почна меѓународната конференција на ОН за климатските промени во Париз

konferencija pariz klimatski uslovi

Во Париз денеска официјално беше отворена двонеделната конференција на ОН за климатските промени на која светските лидери ќе се обидат да обезбедат долгорочен договор за намалување на емисиите на штетни гасови. Конференцијата за отворена ја прогласи перуанскиот министер за заштита на животната средина Мануел Пулгар Видал кој беше домаќин на ланскиот самит на ОН за климата што се одржа во Лима.

Пулгар изјави дека договорот на светските лидери покажа дека државите од светот може да соработуваат во борбата против климатските промени исто како и во борбата против тероризмот. На самитот СОР21 во организација на ОН најавено е учество на 147 претседатели на држави и влади што е најголем собир на највисоко ниво одржан во историјата на ОН.

konferencija pariz klimatski uslovi

Учесниците најавија дека ќе направат историски договор за да се избегне катастрофалното глобално затоплување на климата, а францускиот министер за надворешни работи Лоран Фабиус апелираше до сите учесници во преговорите да дејствуваат итно и да бидат подготвени на компромиси.

Минатата недела, европските медиумии известија дека француските власти ангажирале речиси 11 илјади полицајци за обезбедување на конференцијата која се одржува нешто повеќе од две недели по терористичките напади на овој град.konferencija pariz klimatski uslovi (2)

Приближно 8 илјади полицајци ќе бидат распоредени на границите на земјата, а 2.800 ќе го обезбедуваат местото каде ќе се одржува конференцијата.

Испрати коментар

Scroll To Top