Насловна / Вести / Почна изградбата на првата вакуум-пречистителна станица во Македонија

Почна изградбата на првата вакуум-пречистителна станица во Македонија

Во Јурумлери почна со изградба првата вакуум-пречистителна станица во ова населено место, која патем е и прва од овој тип во општината, но и во Република Македонија.

Со изградбата на оваа станица треба да се реши фекалната одводна канализација во ова рурално место. Ризикот што постои во моментот во Јурумлери се подземните води и во оваа област постојат премногу септички јами, кои се голем еколошки проблем и со изградба на нова фекална вакуумска мрежа овие ризици целосно ќе се елиминираат.јурумлери

Со изградбата на пречистителната станица со мониторинг и команден пулт, вакуум-пумпи и примарна фекална мрежа во должина од четири километри треба да се подобри квалитетот на животот на жителите од Јурумлери.

По завршувањето на првата фаза од изградбата ќе започне втората фаза, која е приклучување на секое домаќинство од Јурумлери.

Испрати коментар

Scroll To Top