Насловна / Вести / Во борбата против пластичниот отпад, Англија поставува мрежа на „места за полнење вода“

Во борбата против пластичниот отпад, Англија поставува мрежа на „места за полнење вода“

Потрошувачите во Англија ќе бидат поттикнати повторно да се вратат на навиките од пред повеќе децении, кога наместо да купат пластични шишиња со вода за пиење, ќе можат да си наполнат шишиња со вода во бројните продавници, кафулиња и улици ширум земјата. Националната стратегија се стреми на овој начин да се спротистави на растечкиот прилив на отпад кој настанува како резултат на користењето на пластични производи за еднократна употреба. На овој начин, би се намалила употребата на милиони пластични шишиња на годишно ниво, а исто така се зголемува и достапноста на питка вода.
Од секторот за енергетика и водни ресурси, велат дека оваа единстттвена кампања започнала во Бристол, а во план е да се прошири на целата земја до 2021 година.

tap water 4

Потрошувачите ќе можат да дознаат преку апликацијата на својот телефон каде е најблиското место на кое може да наполнат вода. Компанијата Whitbread  е првата која се приклучила на оваа акција и ветила дека од март ќе овозможи полнење на шишенца вода во секој од своите над 3000,  Costa Coffee и Premier Inn локали.

tap water campaign 2

Иако продавниците и кафулињата веќе имаат законска обврска да обезбедат бесплатна вода за своите клиенти, оваа кампања има и за цел да ја отстрани стигмата која постои меѓу жителите на Англија околу барањето на бесплатна вода во локалите особено во ситуации кога нема да купат ниту еден производ.

Оваа национална програма наиде на голема поддршка во јавноста со оглед дека во последно време проблемот со загадувањето на океаните со пластика е во центарот на вниманието на екологистите. Во Велика Британија дневно се користат околу 38,5 милиони пластични шишиња, а само половината минуваат низ процес на рециклирање. Другата половина завршува на депониите, се пали, или пак завршува во океаните.

tap water campaign 1

Кампањата „Дополни“ (Refill) има поддршка од сите 15 компании кои се занимаваат со флаширање на вода за пиење. Неодамна, градоначалникот на Лондон, Садик Кан ги потврди плановите на грдската управа за изградба на 20 фонтани за вода за пиење во Лондон.

 

Испрати коментар

Scroll To Top