Насловна / Архитектура / Изложба на архитектонските студија за зимскиот семестар во учебната 2017-2018 година – ИАС11

Изложба на архитектонските студија за зимскиот семестар во учебната 2017-2018 година – ИАС11

Во просториите на Архитектонскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје на 02.02.2018 година (петок) во 11:00 часот во големата сала на АФС ќе се отвори студентската изложба на архитектонските студија за зимскиот семестар во учебната 2017-2018 година. Изложбата традиционално се одржува веќе 11-ти пат. Архитектонскиот факултет за оваа пригода ги отвора своите врати и и ги трансформира своите училници во изложбен простор во кои ќе бидат изложени семестралните трудови на студентите во учебната 2017-2018 година.

pokana (1)

 

2 (1)

Истиот ден во 12:00 часот во просторот наречен „Сквер“ на АФС ќе се отвори уште една изложба на студентски конкурсни трудови на тема „Индустрија во град“, кој конкуср обнова на фасадите на објектите на Цементарница АД Усје – Скопје заедно го организираа Архитектонскиот факултет и Цементарница Усје „Титан“. На изложбата ќе се прогласат и победниците на овој студентскиот конкурс.

3 (1)

Испрати коментар

Scroll To Top