Насловна / Арт и дизајн / Почина Peter Lindbergh, славниот фотограф

Почина Peter Lindbergh, славниот фотограф

Почина славниот фотограф Peter Lindbergh на 74-годишна возраст. Овој прочуен уметник е познат по својата работа со најпрестижните дизајнери во светот, препознатлива естетика на фотографирање, елегантниот и помалку филмски стил, а најмногу по црно-белата фотографија која заработи статус на култна.

1
Веста за ненадејната смрт на фотографот чија работа е меѓу оние кои ја дефинираа визуелната култура на современото време ја објави неговото семејство на неговиот Instagram со црно – бела фотографија на столица во напуштен пејзаж.

Screenshot_1
Неговата кариера е импресивна. Роден е за време на Втората светска војна во местото Leszno, на полско – германската граница во 1944. година. Кога бил тримесечно бебе семејството се сели во Германија во Duisburg. Детството го поминал во индустриското опкружување на овој град и индустриската архитектура го одредила неговиот визуелен вокабулар. Го формирале и цитатите на италијанскиот неореализам, филмовите на Vittoriо de Sicа, потоа сликите на германскиот експресионизам, американските фотографи израснати во времето на Големата депресија во Америка, како Dorothee Lang. Што би се рекло еден космополитски пристап. Од современите режисери често соработувал со Wim Wenders, кој му пишувал и предговори.

3

британскиот Vogue од јануари 1990. година

Peter Lindbergh е еден од оние уметници за кои точно може да се каже кој момент бил пресуден во неговата кариера. Тоа е црно – белата насловна страна на британскиот Vogue од јануари 1990. година со Naomi Campbell, Cindy Crawford, Tatjanа Patitz, Christy Turlington и Lindа Evangelistа, на улица, облечени во маици и фармерки. Бројот е продаден во досега невиден тираж. По излегувањето на таа насловна , името супермодел стана популарно, а петте модели беа повикани од George Michael во спотот „Freedom”, инспириран токму од фотографиите на Lindbergh.

5

Уредничката Liz Tilberis го замолила да направи фотографија која ќе ја дефинира епохата, деценијата која доаѓа, преку една фотографија и секако од перспектива на списанието.

14

Задачата била мошне тешка, но за Lindbergh предизвикувачка и интересна. „Единствениот можен одговор беше да се обидам да дефинирам нов, помодерен пристап на женственоста, нова визија за жената, сосема поинкава од она што можеше да се види во меинстрим фотографијата последните децении. Модната фотографија мора да го одрзаува своето време“.

8
Не прифаќаше PhotoShop, воопшто не му се допаѓал новиот тренд, сметал дека се изгубиле траговите на животот од лицата на протагонистите на фотографиите и велел „Изгледа дека денес е злостор ако се гледаат трагите на проживеаниот живот“. Кога тој стапувал на сцена се бореле за поживотни фотографии. Додека ја снимал модната фотографија велел „жената е секогаш поважна од облеката што ја носи“.

10

11
Она по кое Lindbergh бил специфичен е фактот дека своите дела често ги излагал во светските музеи како што се Pompidou во Париз, њујоршката MoMa, прочуениот лондонски музеј V&A.

9

13
Снимал модни едиторијали и кампањи за бројни дизајнери, а судбината сакала токму за Vogue да ја направи својата последна насловна страна. Последниот проект на кој работеше беше годинашното, септемвриско британско издание на ова списание, кое го уредила војвотката Meghan Markle. Снимил насловна од црно – бели фотографии на тем, јаки жени кои можат да спроведат промени.

4
„Би можел да се сложам дека моите фотографии се љубовно писмо на жените. тоа всушност би бил прекрасен начин да се опишат. Токму така и ги чувствувам“.

6

7

12

2

Испрати коментар

Scroll To Top