Насловна / Вести / Лондон: Климатските активисти ќе пуштаат дронови над Хитроу

Лондон: Климатските активисти ќе пуштаат дронови над Хитроу

Британските активисти за борба против климатските промени, најавија дека ќе започнат да пуштаат дронови над лондонскиот аеродром Хитроу од 13-ти септември, во обем поради кој најверојатно ќе мора да бидат откажани сите летови, а целта е да се изврши притисок на владата да превземе чекори за намалување на емисиите на стакленички гасови. Од групата Heathrow Pause велат дека со дроновите ќе управуваат во забранетата зона, но не и на пистите. Сепак, тоа е доволно да се присили аеродромот да ги откаже летовите. „Се работи за симболична акција која користи недореченост во законот и самопожртвуваност на учесниците, за да го привлече вниманието на најсериозната и најитната криза со која се соочува човештвото во својата историја“, велат активистите. “Неактивноста на владата по ова прашање и претстоечката катастрофа со најавеното проширување на аеродромот, не ни оставаат многу избор и не присилуваат на ваква акција“, додаваат тие.

Heathrow00

heatrow2

heatrow4

Испрати коментар

Scroll To Top