
Дејвид Маркс, авторот на легендарните британски зданија како Лондонското Око (London Eye) и кулата i360 (British Airways i360 tower) , почина во 64тата година од животот.

Тој бил основач на студиото Marks Barfield Architects во Лондон, во партнерство со неговата сопруга Julia Barfield, по што и обајцата се прославиле со своите авангардни и висионерски проекти.

Огромен финансиски ризик и одговорност презеле со реализацијата на Лондонското Око.

Својот начин на размислување и архитектонски израз фирмата го запишала насекаде низ светот.

Меѓу последните дела на Маркс, се вбројуваат иновативниот концепт за транспорт со жицарница помеѓу облакодерите во Чикаго, како и комплетниот проект за училиштето во склоп на кампусот на Универзитетот во Кембриџ.

Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија