Насловна / Вести / По петмесечна пауза исплови првиот крузер за крстарење по Медитеранот

По петмесечна пауза исплови првиот крузер за крстарење по Медитеранот

Крузерот MSC Grandiosa исплови од Џенова, италија на седумдневно крстарење, а планира да запре во три италијански пристаништа, како и во Валета, главниот град на Малта. Компанијата  MSC Cruises, соопшти дека патниците и екипажот биле тестирани на коронавирус пред да влезат на бродот.  Ова крстарење започнува во период кога расте бројот на заразени ширум Италија, а италијанските власти ги затворија сите ноќни клубови. Носењето маски е задолжително во периодот од 18 до 6 часот, на јавните места каде што не е можно социјално дистанцирање. MSC Cruises соопштува дека крузерот не е целосно пополнет, туку со 70% од капацитетот. Италија е седма на светот по бројот на патници на крстарења, откако во 2018 година забележала над 800.000 туристи кои се одлучиле за ваков вид на одмор.

grandiosa1

grandiosa2

grandiosa3

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top