Насловна / Вести / Пловечки град за 10.000 луѓе

Пловечки град за 10.000 луѓе

Сведоци сме дека во последните неколку години се појави голем број на пловечки архитектонски проекти. Компаниите се натпреваруваат во оригиналноста и обемноста на ваквите проекти, па веќе се проектираат и цели градови на вода. една од компаниите со искуство во оваа област е  Bjarke Ingels Group. Во соработка со непрофитната организација Oceanix , и Центарот за океанско инженерство на Универзитетот MIT, BIG го претстави амбициозниот концепт за пловечки град со 10.000 жители. Проектот под името Oceanix Cityнастанал во рамките на програмата на  UN-Habitat – New Urban Agenda, која претставува заедничка визија за подобра и одржлива иднина. Урбанизацијата може да биде можно средство за одржлив развој, доколку е добро планирана и водена. Поттикот кој стои зад овој проект на UN е постојаната загриженост за порастот на нивото на морињата и климатските промени. Предвидувањата велат дека до 2050 година, околу 90% од најголемите светски градови ќе бидат изложени на последици од порастот на нивото на морињата и дека повеќето крајбрежни градови ќе бидат изложени на поплави.

Планирано е проектот Oceanix City, да зазема површина од 75 хектари распоредени на пловечки платформи. Платформите ќе бидат префабрикувани на копно и групирани во кластери со по 1650 жители. Шест такви „села“ потоа ќе бидат групирани околу централно пристаниште. Движењето помежу платформите ќе се врши со електрични возила, а напојувањето со електрична енергија ќе биде преку фотоволтаици. Oceanix City е замислен како самоодржлива пловечка заедница која ги канализира кружните токови на енергија, вода, храна и отпад. Жителите би се занимавале со земјоделство, а бројот на население постепено би растел од првично 300 на проектираните 10.000.

BIG1

BIG2

BIG3

BIG4

BIG5

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top