Насловна / Архитектура / Пловечки деловен објект во Ротердам

Пловечки деловен објект во Ротердам

Компанијата Powerhouse го открила новиот проект за пловечки деловен објект во Ротердам, каде ќе се наоѓа седиштето на Global Commission on Adaptation (GCA). „Floating Office Rotterdam” (FOR) ќе биде од дрво и енергетски неутрален. Во план е изградбата да почне на пролет на друга локација, од каде ќе биде испорачан во Ријнхавен во Ротердам, каде и ќе се наоѓа.

3_resize

Се очекува дека „ FOR“ ќе го отвори поранешниот Генерален секретар на ОН, Бан Ки Мун и градоначалникот на Ротердам Абоуталеб во тек на Меѓународниот самит за  адаптации на есен 2020. Powerhouse Company објаснува дека GCA покренала мерки за потикнување на развиток за управување со ефектите на климатските промени, по пат на технологии, планирања и улагања. Комисијата ја предводи Бан Ки Мун, основачот на Microsoft, Бил Гејтс и извршниот директор на Светска банка Кристалина Георгиева.

1_resize

Проф. Д-р Патрик Веркоијен, извршниот директор на GCA, вели дека климатските промени во светот, екстремните временски услови и порастот на нивото на морињата, претставуваат нови предизвици за архитектите. Следствено на ова, вклучувањето на елементи кои објектите ги прават поотпорни, не само што има економски смисол, туку може да помогне и во ублажувањето на климатските промени. Исто така додава и дека е воодушевен од тоа што GCA ќе биде сместена во зграда која е пионер на вакви видови проекти и се надева дека ќе ги инспирираат и останатите да инвестираат во иднината.

2_resize

Компанијата Powerhouse е одговорна за целиот проект, од идеја до изградба. DVP е вклучен како проект менаџер на изведувачот RED Company. Конструкцијата која комбинира полно дрво е проект на фирмата Bartels & Vedder. Фирмата DWA е задолжена за инсталации, заштита од пожари и градежна физика. Зградата ќе ја градат Valleibouw и Osnabrugge.

Архитектот и основач на компанијата Powerhouse, Nanne de Ru, изјавил дека проектирањето на одржлива зграда што плови, барало голем ангажман и исклучителна стручност, но му пристапиле на интегриран начин. За климатизација на зградата користена е вода од Ријнхавен, а кровот на објектот е голем извор на енергија, самата зграда е целосно независна. Конструкцијата проектирана од дрво може лесно да се демонтира и повторно употреби. Зградата е спремна за циркуларна економија.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top