Насловна / Вести / Нови паркови во Општина Аеродром

Нови паркови во Општина Аеродром

На две локации во Општина Аеродром се прават нови паркови.

Нова зелена површина се гради на булеварот Трета македонска бригада спроти Американ колеџ. Паркот ќе биде хортикултурно уреден со дрвја, патеки и нова урбана опрема.

park Amerikan koledz

“Набргу општината ќе биде збогатена со нови паркови на повеќе локации. Наш приоритет е подигнување што поголем број зелени површини“, велат од Општина Аеродром.

park Amerikan koledz1

Стар Аеродром наскоро ќе биде збогатен со нов парк што ќе се протега покрај улицата Методија Шаторов-Шарло.

Урбаниот парк, на површина од 3.200 квадратни метри, ќе понуди зелени површини, пешачки патеки со клупи, плато со маси и клупи, како и детско игралиште.

Парк на Методија Шаторов Шарло - Copy

Во наредниот период во Општина Аердром се планира изградба на повеќе урбани паркови на различни локации на ниво на целата територија.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top