Од општина Чаир најавија дека плоштадот „Скендербег“ во Скопје ќе биде завршен на време. На почетокот на 2014 година ќе почнат работите на најсложениот дел –премостување на булеварот „Гоце Делчев“ до објектот на Македонската опера и балет и спојување со плоштадот „Филип Втори“.
Проектот чини околу 10 милиони евра, а средствата се обезбедени од буџетите на Македонија и на општина Чаир. Тој ќе се простира на површина од 28.674 метри квадратни, пешачка зона што ќе ги спојува општините Центар и Чаир.
Првата фаза од проектот почна во јануари 2012 година, а заврши во првата половина на 2013 година. Изведувач на зафатот беше австриската градежна компанија „Алпине“, која во меѓувреме банкротирала.
Во рамките на проектот е предвиден и подземен паркинг на две нивоа на местото на постоечкиот паркинг кај споменикот „Скендербег“.