Насловна / Вести / Плоштадот „Карпошово востание“ во Крива Паланка е во завршна фаза

Плоштадот „Карпошово востание“ во Крива Паланка е во завршна фаза

plostad kriva palanka

Во тек се завршните градежни активности од реализацијата на проектот „Изградба на плоштад со партерно уредување“ со кој се опфаќа оформување на јавниот простор пред зградата на локалната самоуправа на општина Крива Паланка со вкупна површина од 750 метри квадратни. Плоштадот „Карпошово востание“ во најголем дел ќе биде со светол гранит, а 10 проценти ќе биде поплочен со темен гранит. Во централниот дел на плоштадот со црвен и светло кафеав гранит е изработен симболот „Сонце од Вергина“. Вредноста на проектот за партерното уредување изнесува 17.869.920,00 денари обезбедени од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралениот развој и Буџетот на општината. Изведувач на градежните работи од проектот е фирмата „Цвет Компани ДООЕЛ“ од Скопје.

Испрати коментар

Scroll To Top