Насловна / Вести / Племиња користат беспилотни летала за да спречат уништување на Амазонија

Племиња користат беспилотни летала за да спречат уништување на Амазонија

Племенските заедници кои живеат во областа на дождовните шуми на Амазонија во Бразил, зависат од шумата за храна, облека и медицински потреби. Нивниот начин на живот, сепак, е под голема закана заради почестите и разорни шумски пожари во овој регион.

Бидејќи пожарите главно се иницирани од нелегална сеча и уништување на вегетацијата за развој на земјоделството и сточарството во областа каде што се наоѓа шумата, племенските заедници се свесни дека ова ќе ги наруши важните природни процеси и дека уништувањето на шумите дополнително го загрозува квалитетот на воздухот и водата и опстанокот на флората и фауната.

Amazonija

Затоа, на крајот на минатата година, Светскиот фонд за диви животни и бразилската невладина организација за одбрана на животната средина организираа обука за управување со беспилотни летала за племенските заедници.

Населението со задоволство ја прифати технологијата за управување со дроновите, што им даде можност да ја следат шумата „од птичја перспектива“ и на тој начин да набљудуваат голема површина и да ја видат потенцијалната опасност од нелегално расчистување на нивниот дом, пишува Енергетски портал.

Amazonija1

Беа донирани 19 беспилотни летала и беа собрани тимови за да патролираат во шумата и да ги следат шумските пожари и дивата сеча. Планот е да се соберат докази што ќе можат да влијаат на Владата да реагира на незаконските активности што се случуваат во Амазонија.

Познавањето на племињата за кои Амазонија претставува дома е многу важно и е од голема помош за зачувување на дождовната шума. Нивната свест за комплексноста на овој проблем и неговото штетно влијание врз природата е високо развиена, како и нивната желба да ги заштитат „белите дробови на планетата“ од нелегални активности што сè уште се вршат немилосрдно.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top