Насловна / Вести / Загадувањето и климатските промени одговорни за околу 13 отсто смртни случаи во ЕУ

Загадувањето и климатските промени одговорни за околу 13 отсто смртни случаи во ЕУ

Еколошките фактори како што се загадувањето на воздухот и топлотните бранови, чиј ефект дополнително е зголемен поради климатските промени, се причина за околу 13 отсто смртни случаи во Европската унија, соопштуваат од Европската агенција за животна средина.

EU

Според податоците од 2012 година, од кога е и последната статистика, вкупно 630 илјади смртни случаи во 27 земји членки на ЕУ и Велика Британија во таа година биле предизвикани токму од еколошките фактори. “Овие смртни случаи може да се спречат, а нивниот број значително да се намали со подобрување на квалитетот на животната средина“, наведуваат од Агенцијата додавајќи дека најголемата еколошка опасност претставува загадувањето на воздухот, кој годишно предизвикува повеќе од 400 илјади предвремени смртни случаи.

Како што пренесува Ројтерс, долготрајното изложување на загаден воздух потенцијално може да предизвика дијабетес, болести на белите дробови и рак, а може да е причина и за поголема смртност меѓу заболените од Ковид-19.

Европската агенција исто така наведува дека намалувањето на загадувањето во текот на пандемијата со коронавирусот е само привремено и дека многу држави членки на ЕУ во текот на наредната деценија нема да може да успеат да го реализираат предвиденото намалување на загадувањето.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top