Насловна / Вести / Планетата Земја се прегрева, загрозени климатските цели од Париз

Планетата Земја се прегрева, загрозени климатските цели од Париз

Планетата Земја оваа година е толку топла, што највисокото ниво на глобалното затоплување што пред неколку месеци го договорија светските лидери на самитот во Париз, би можело наскоро да биде пробиено.

Околу 200 држави во декември договорија радикален рез на употребата на фосилни горива за да се ограничи растот на просечната светска температура под два Целзиусови степени од прединдустриските времиња, со тенденција тој да биде 1,5 степени.zemja

Покрај тоа, се чини дека 2016 година ќе биде најтопла година во историјата, поттикната од Ел Нињо кој го загрева Тихиот океан, пренесува Светската метеоролошка организација на Обединетите нации. Првите шест месеци беа 1,3 Целзиусови степени потопли од прединдустриските времиња.

Многу научници сметаат дека границата одредена во Париз ќе биде пробиена уште на почетокот на следната деценија, заради што дебатата за глобалното затоплување ќе биде за тоа дали е можно да се намали глобалниот термостат.

Климатските експерти ќе се сретнат од 15 до 18 август во Женева, за да подготват извештајот за ОН за целта од 1,5 степен што ја побараа светските лидери во Париз. Пробивањето на границите е едно од поважните прашања во подготовките на документите за тој извештај.

Земјите во развој пробивањето на границата го гледаат како предавство на богатите држави и рецепт за уште полоши топлински удари, како оние на Блискиот исток оваа година и топењето на мразот на Гренланд, што би можело да доведе до потопување на островските држави.

Републиканскиот кандидат за претседател на САД Доналд Трамп изрази сомнеж дека промената на климата е предизвикана од човечки фактор и најави отфрлање на Парискиот договор, додека кандидатката на демократите, Хилари Клинтон, силно го поддржува.

Границата од 1,5 степени би можела да биде пробиена за пет години ако продолжат досегашните трендови на светска емисија на стакленички гасови, во што предничат Кина и САД.

Испрати коментар

Scroll To Top