Насловна / Арт и дизајн / Пиксел по пиксел: нова програма која ќе овозможи виртуелно освојување на Еверест

Пиксел по пиксел: нова програма која ќе овозможи виртуелно освојување на Еверест

Уште една причина зошто некои со нетрпение ја очекуваат 2016 година, е веста дека Solfar Studios и NVIDIA ќе претстават нацрт за виртуелна посета на Монт Еверест.еверест

Немаат сите можности и способности да се искачат на Монт Еверест, но со развојот на модерната технологија, нештата брзо се менуваат и одат напред.

Виртуелните студија од Исланд, Sólfar Studios и NVIDIA ветиле дека од следната година ќе бидеме во можност да се искачиме на врвот на планината и тоа од сопствената дневна соба.

Со помош на уредот GeForce GTX TITAN X GPU, ангажираниот тим ќе создаде повеќе од триста илјади фотографии и со тоа ќе креираат 3Д модел кој ќе овозможи комплетан преглед на планината.

Инвестицијата Everest VR ќе чини повеќе од два милиони долари.

Испрати коментар

Scroll To Top