Насловна / Арт и дизајн / Маса со уникатна силуета и експресија

Маса со уникатна силуета и експресија

Компанијата Edenic Design ја претстави својата прва креација– Teashi Coffee Table, маса произведена во лимитиран број од само 100 парчиња.

1_resize

Името потекнува од јапонскиот збор за „екстремитети“, а оваа маса има структура која се издига со помош на екстремитети кои може да асоцираат на гранки, вени, прсти или молњи. Секоја маса е рачно заварена, одавајќи признание на оригиналната креативност која довела до нејзината уникатна силуета. Масата е дизајнирана како соработка помеѓу двајца уметници. Првата соработка е направена со уметникот од Монтерал, Кален Шоуб, кој во целата приказна го внел својот експресивен стил.

6_resize

2_resize

Живите, кривулести бои делуваат како бојата да е влажна и во движење, привлекувајќи ги погледите со движењата кој се виткаат околу базата на масата. Првата дизајнирана маса е креирана како уникат, а со помош на визуелната уметност на уметникот кој од сферата на мебел преминал на ново ниво на скулптурална уметност. И додека оваа маса е продадена на еден колекционер, брендот и уметникот ќе продолжат да соработуваат и прават парчиња по мерка.

3_resize

4_resize

Edenic Design студиото, исто така соработувало и со уметникот од Лос Анџелес, Крист Труман, кој ја искористил можноста да ја ослика за прв пат тродимензионалната површина. Тој гестикулираното сликање и спреови ги заменил со сунѓери и четкици, што создало финиш, кој помалку потсетува на стрипови.

5_resize

Испрати коментар

Scroll To Top