Насловна / Градежништво / Пет милиони евра за подземната сообраќајница

Пет милиони евра за подземната сообраќајница

podzemna
Советот на град Скопје усвои одлука за задолжување во висина од пет милиони евра за изградба на планираната подземна сообраќајница на потегот од мостот „Гоце Делчев“ до булеварот „Кузман Јосифовски – Питу“.

Градот ќе се задолжи преку издавање на обврзници на домашниот пазар, за што веќе е добиена согласност од Министерството за финансии. Идентична одлука за задолжување беше донесена и на крајот од јули 2013 година „при што тогашната вредност на задолжувањето изнесуваше 4,8 милиони евра.

podzemna1

Градските власти објаснуваат дека со овој чин е обновена ваквата одлука на советот, бидејќи претходниот тендер беше поништен. Оттаму посочуваат дека со актуелниот тендер е неопходно и да се донесе нова одлука за задолжување.

Во меѓувреме, тече рокот за доставување понуди од заинтересираните компании во однос на изградбата на овој инфраструктурен проект.  Крајниот рок за доставување истекува на 20 февруари, а од Градот Скопје засега не соопштуваат колку компании досега се интересирале за подигнување на тендерската документација. Сообраќајницата ќе биде долга 1.300 метри, од коишто 900 метри е предвидено да бидат под земја, и тоа под плоштадот „Македонија“ и кејот „13 Ноември“.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top