Насловна / Арт и дизајн / Песна на Ана Франк продадена за 140 илјади евра

Песна на Ана Франк продадена за 140 илјади евра

Раритетна со рака напишана песна од еврејското девојче Ана Франк е продадена во средата на наддавање во Холандија на неименуван колекционер за 140 илјади евра, соопштија организаторите.

Наддавањето во аукциската куќа Bubb Kuyper во холандскиот град Харлем траело само две минути. Почетната цена изнесувала 30 илјади евра.ana-frank

„Во последните 40 години само четири или пет ракописи на Ана Франк беа понудени на аукции“, изјави директорот на аукциската куќа Тис Бланкворт.

Посветена на „драгата Кри-Кри“, песната е напишана на холандски јазик, со црно мастило на хартија од блок за скицирање.

Ана Франк песничката ја напишала на 28 март 1942 година за споменарот на постарата сестра на нејзината најдобра другарка. Три месеци подоцна сите членови од нејзиното семејство заминуваат во засолниште во Амстердам поради нацистичките прогони.Anne Frank, German Jew who emigrated with her family to the Netherlands during the Nazi era. Separated from the rest of her family, she and her sister died of typhoid fever in the concentration camp Bergen-Belsen - As a 12-year old doing her homewo

Откриени се во 1944 година и депортирани во концентрационен логор. Ана Франк умрела во Берген-Белсен во пролетта 1945 година. Нејзиниот дневник воден во времето на криењето во Амстердам е преведен на 67 јазици и продаден во повеќе од 30 милиони примероци ширум светот

Испрати коментар

Scroll To Top