Насловна / Вести / Пекинг обвиен во густ смог

Пекинг обвиен во густ смог

Smog vo Peking1

Загаденоста на воздухот во Пекинг достигна опасно ниво, поради што кинеското Министерство за животна средина им препорача на граѓаните да не ги напуштаат своите домови без погоелеми потреби.

Повеќе делови на Кина последниве денови се обвиени со густ смог и покрај напорите на властите за прочистување на воздухот.

Нивото на смог во Пекинг драстично се зголеми во последниве два дена, што доведе и до значително намалување на видливоста.

Smog vo Peking

Како што јави ДПА, загаденоста на воздухот во Пекинг е 15 пати повисока од максимално дозволеното ниво според стандардите на Светската здравствена органзиација (СЗО).

Концетрацијата на микрочестички помали од 2,5 микрометри вчера изнесувала 356 микрограми на метар кубен. Максималното дозволено ниво на овие честички, според СЗО, е 25 микрограми на метар кубен.

Експертите предудуваат степенот на загаденост во Пекинг да продолжи да расте до вторник, кога се очекува градот да биде зафатен од силен ветар, кој би требало да го расчисти смогот.

Испрати коментар

Scroll To Top