Насловна / Арт и дизајн / Печатач што ќе го посакате во вашиот дом

Печатач што ќе го посакате во вашиот дом

Младиот германски дизајнер Ludwig Rensch осмисли нов концепт на печатач. Наспроти конвенционалното размислување за печатач како дел од канцелариска опрема, тој осмисли иновативен дизајн за пренослив печатач во портокалова боја.печатач Пејпер (1)

Печатачот едноставно наречен Paper, хартијата ја зема од голема ролна на која потоа печати во исправена положба со што се штеди и на простор.

Со едноставен дизајн, зафаќа малку простор и доаѓа со рачка на врвот за да може безгрижно да се пренесува.печатач Пејпер (2)

Во прилог на печатење, Paper нуди можност за скенирање и копирање, и може да му се пристапи од компјутер или паметен телефон преку апликација. печатач Пејпер (3)

Бидејќи се работи за производ на Ludwig Rensch од неговите постдипломски студии на Академијата за уметност и дизајн во Штутгарт, каде што студирал индустриски дизајн, печатачот Paper треба да помине низа потребни тестови кои се потребни за да се утврдат можните технички недостатоци, а потоа и датум за почеток на негово производство.печатач Пејпер (4)

Испрати коментар

Scroll To Top