Насловна / Архитектура / Павилјон за слушање дожд во кинески кампус

Павилјон за слушање дожд во кинески кампус

Во време кога темите за одржливост и приближување кон природата стануваат сè поважни, добро е да се разгледа како секој архитектонски елемент може да има двојна функција и со тоа да и помогне на својата околина. Бидејќи кинеската архитектура силно инсистира на традицијата, како и на традиционалните елементи како што е бунарот, таа стана централното место на новиот павилјон во рамките на кинескиот кампус во Хефеи.

paviljon

Со цел да се зачува хармонијата меѓу човекот и природата, како и модерноста и традицијата, архитектите од бирото TJAD создадоа павилјон од 137 квадратни метри со импровизиран бунар, кој покрај создавањето удобен простор за седење на отворено, служи за чување и слушање на дождот.

paviljon3

При креирањето на новата топографија, бунарот со павилјонот е позициониран на источната страна од кампусот и на падината на ридот висок околу 10 метри, што доведува до силна врска меѓу павилјонот и ридот. Двата sида на павилјонот се чини како да го ограничуваат ридот, а истовремено овој простор е насочен кон него.

paviljon4

Конструкцијата на покривот на павилјонот е насочена навнатре така што дождот тече низ централниот отвор широк 30 сантиметри и при паѓањето формира „завеса за дожд“, пишуваат архитектите за ArchDaily.

paviljon7

Кога врне, посетителите ќе можат да уживаат во визуелното и акустичното искуство, како и да го искусат исконскиот однос меѓу човекот, природата и традицијата.

paviljon8

paviljon5

paviljon6

paviljon2

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top