Насловна / Архитектура / Куќата на Ray Kappe – кога ќе се направи нешто добро, не мора ништо да се менува (видео)

Куќата на Ray Kappe – кога ќе се направи нешто добро, не мора ништо да се менува (видео)

Модерно ремек-дело од стакло и црвено дрво, домот на архитектот Ray Kappe често се споменува како една од највеличенствените резиденции во Јужна Калифорнија. Проектиран како семејна куќа пред повеќе од 50 години, овој извонреден објект се наоѓа среде платани и еукалиптуси на рид во рустичкиот кањон на Лос Анџелес.

2_resize

Денес изгледа исто како и пред половина век – современо проширување на раната традиција на стаклената куќа, започната децении порано од архитекти како Rudolph Schindler, Frank Lloyd Wright, Richard Neutra и Harwell Hamilton Harris.

5_resize

Сместена на стрмна падина на имот низ кој поминуваат природни извори, подигнатата куќа е изградена на шест бетонски кули чија површина од околу 55 квадратни метри ја поддржува целата куќа од 370 квадратни метри, која стана една од најпознатите во работата на Kappe. Архитектот роден во Минеаполис го основал одделот за архитектура на Државниот универзитет за Политехника на Калифорнија во Помона (Cal Poly) во 1968 година и го создал престижниот Институт за архитектура на Јужна Калифорнија во 1972 година.

9_resize 10_resize

Ray Kappe се занимавал со проектирање резиденции целата своја професионална кариера, тој е автор на безбројни куќи ширум светот. Тој е еден од основоположниците на движењето за  одржливи дизајн.

4_resize 3_resize 6_resize

„Куќата функционира толку добро, што дури не ја забележувата нејзината старост“, вели режисерот на видеото Matthew Donaldson. „Тоа е вистинска работа, не се променило ниту едно парче мебел, а куќата секојдневно се користи и создала семејство. Така е кога ќе се направи нешто добро и не мора ништо да се менува – сигурно е дека тоа е знак на одлична архитектура“.

7_resize

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top