Насловна / Архитектура / Патувачки хотел

Патувачки хотел

Норвешкото архитектонско студио Jagnefält Milton Architecture има многу уникатна идеја како да се забавувате во малиот град Åndalsnes. Градот е порта кон прекрасните фјордови сместени во многу живописна природа.

rolling-hotel-01_resize

 

Архитектите дизајнирале хотел кој се движи низ железничката пруга која го поврзува градот со надворешноста. Хотелот воопшто не личи на традиционален воз, туку повеќе како големи кутии натоварени со огромен товар. За среќа, овој впечаток не е точен, така што внатрешноста на кутиите со различна висина се целосно опремени минималистички соби, кои се доволно големи за да се преспие во нив. На овој начин туристите ќе можат да ја запознаат земјата без да трошат време во барање на сместување. Планот е развиен до детали со тоа што се предвидуваат јавни купатила и концертна сала која ќе може да се движи по шините. Во зима, единиците се собираат во центарот на градот, а во лето тие патуваат низ различните пруги.

Дизајнот има ретро чуство и не враќа 100 години назад во САД кога автомобилите се движеле на пруги. Како и да е, идејата е практична на сите начини особено во поглед на еколошкиот аспект и ефектот врз природата.

rolling-hotel-04_resize rolling-hotel-03_resize rolling-hotel-02_resize

 

Испрати коментар

Scroll To Top