Насловна / Архитектура / Пловечки хотел со пет ѕвезди по Амазон

Пловечки хотел со пет ѕвезди по Амазон

hotel po amazon

Туристичката компанија Aqua Expeditions во соработка со перуанскиот архитект Жорди Пуиг, реализира проект – хотел Aria Amazon, кој е всушност речен брод за крстарење со пет ѕвезди.hotel po amazon (3)

Aria Amazon обезбедува можност за посетителите да се запознаат со убавините на реката Амазон во удобна и луксузна околина. Овој брод е долг 45 метри, и е проект мотивиран од успехот на претходниот брод од овој тип, Aqua Amazon.

Ентериерот е направен во мат црна боја, разигран со големи стаклени површини, кои обезбедуваат убав погледи на Амазон и неговата околина.

hotel po amazon (2)

Иако бродот е многу простран, со шеснаесет кабини, пријатниот дизајн е постигнат со интимна атмосфера во која се забележува ексклузивноста на патувачкиот хотел на вода.hotel po amazon (4)

Aria Amazon на располагање на гостите им овозможува бар, салон, трпезарија, фитнес сала, како и видиковец со џакузи.hotel po amazon (5) hotel po amazon (6)

На бродот може да се сместат максимум 32 гости и 24 членови од бродскиот екипаж.

Испрати коментар

Scroll To Top