Насловна / Архитектура / Парк и пешачки мост кои функционираат како соларен колектор

Парк и пешачки мост кои функционираат како соларен колектор

Холандската фирма Benthem Crouwel Architects проектираше поткренат парк и пешачки мост во холандскиот град Hertogenbosch, што треба да ги поврзе стариот и новиот центар на градот. Проектот наречен Paleisbrug овозможува прекрасни погледи кон местото Gement, еден од најуникатните урбани простори во Холандија.

мост-1 мост-2 мост-3

Паркот, што зафаќа површина од 2.500 метри квадратни, е поделен во три дела според програмата: дел со пустински растенија и дрвја, дел со ниско зеленило во средината на мостот и дел со шумско зеленило. Со цел да се овозможи самоодржливост на растенијата, тие се опремени со систем за наводнување, но она што најмногу придонесува за енергетско ефикасните карактеристики на мостот е огромниот соларен колектор кој е поставен на него. мост-4

Тој овозможува подно греење кое го заштитува мостот од замрзнување во зимскиот период, а исто така обезбедува електрична енергија за лед сијалиците со кои се осветлува мостот. Во летниот период кога соларниот колектор обезбедува повеќе енергија отколку што троши, ги снабдува околните објекти.

мост-5 мост-6 мост-7 мост-8 мост-9

Испрати коментар

Scroll To Top