Насловна / Вести / Париз ќе добие ветрогенератор во облик на дрво

Париз ќе добие ветрогенератор во облик на дрво

vetrogenerator (3)

Благодарение на француската компанија „New Wind“, Париз наскоро ќе добие нов ветрогенератор. Се работи за посебно естетски обликуван ветрогенератор во облик на дрво. До реализација на овој проект дошло благодарение на идејата на основачот на компанијата  Jérôme Michaud-Larivière, кој забележал дека на конкретниот плоштад „лисјето трепери дури и кога нема ветер“. vetrogenerator

Господинот Michaud-Larivière се надева дека ваков дизајн на турбината ќе овозможи целосна експлоатација на малите воздушни струи кои се јавуваат околу зградите и улиците. Неговата желба и идеја е популаризација на овој концепт.

vetrogenerator (2)

„Дрвото“ има височина од 11 метри, пречник од околу осум метри и се состои од 72 вештачки листови. Поточно, во овој случај, секој од листовите има функција на мала турбина која се ротира благодарение на лопатките лоцирани внатре во нив. Поради својата мала тежина овие лопатки може да ротираат и да генерираат енергија и при многу мали брзини на ветерот, дури и при 2 m/s. Во компанијата истакнуваат дека се свесни за ниската ефикасност на ова „дрво“, но се уверени дека ваков систем е навистина одржлив и ненаметлив.

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top