Насловна / Арт и дизајн / Париз доби кошаркарско игралиште со уметничка нота

Париз доби кошаркарско игралиште со уметничка нота

игралисте малевич (5)

Кој вели дека уметноста и спортот не одат заедно? High street брендот Pigalle во Париз се здружи со креативната агенција Ill-Studio и создаде спектакуларно шарено кошаркарско игралиште инспирирано од делата на рускиот авангарден уметник Казимир Малевич, поточно со сликата на силуетите на четворица спортисти во контрастни вибрирачки бои.игралисте малевич (6)

Ill-Studio ја деконструира сликата употребувајќи ги нејзините живописни бои, кои ги „излеале” по целиот терен, и на тој начин во урбаниот амбиент внесле здив на некогашната авангарда.

Тоа е терен кој уште во 2009 година го изградил основачот на брендот Pigalle, Stephane Ashpool, а минатата година игралиштето било подложно на уметничко реновирање.

игралисте малевич (4)

Според Ill-Studio, сликата на спортисти од Малевич е нивната омилена слика на сите времиња и токму впечатливите светли бои и графичката композиција се она што сакале да го пренесат на игралиштето.игралисте малевич (3) игралисте малевич (2) игралисте малевич

Испрати коментар

Scroll To Top