Parasite Office

Parasite Office03За московското архитектонско биенале ARCH Moscow кое секоја година традиционално се одржува во Мај, оваа година студиото za bor architects презентирало невообичаено нова идеја на ефективна примена на населени области, со цел креирање на практични бизнис простори.

Parasite Office02Целокупниот концепт е особено значаен за градот Москва, како најголем во Европа, со непрекинат развој во економијата и моменталниот недостаток на креативни канцелариски простори, неопходни за бројните дизајнерски студија, уметнички галерии, како и останати организации поврзани со современата уметност.  

Parasite Office01Впечатлива карактеристика на бројни населби во Москва е присутноста на повеќекатни објекти со слепи ѕидови и широки пасажи помеѓу нив. Проектот на студиото za bor architects отвора можности за примена на слободните простори помеѓу објектите, како креација на оригинални и економични канцеларии кои ослободувајќи го пасажот во долната зона, не ги блокираат дворните и влезните пристапи кон веќепостоечките објекти.Parasite Office

Испрати коментар

Scroll To Top