Насловна / Вести / Паметни куќички за птици во Амстердам – бесплатен Интернет само кога воздухот е чист

Паметни куќички за птици во Амстердам – бесплатен Интернет само кога воздухот е чист

Pametni kukjicki za ptici

Еден дизајнер од Амстердам предложил поставување на „паметни“ куќички за птици кои на граѓаните ќе им овозможуваат бесплатен ви-фи сигнал, но само кога воздухот е чист. Куќичките наречени Три Ви-фи, барем во почетокот нема да бидат засолниште за птиците, туку ќе бидат опремени со сензори за мерење на квалитетот на воздухот во градот.

Pametni kukjicki za ptici1

Овој предлог доаѓа во време кога нивото на загадување на воздухот во делови на Амстердам понекогаш ги надминува дозволените вредности пропишани со стандардите на Европската Унија.

Pametni kukjicki za ptici2

На овој начин, квалитетот на воздухот во Амстердам, поточно онаму каде ќе бидат поставени овие куќички, ќе биде не само мерлив преку соодветните уреди како досега, туку и реално претставен токму преку достапноста до Интернет.

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top